недела, 2. април 2023. Вести денес: 13
home Вести

Сиљановска: Разговорите за името се директно вмешување во суверенитетот на Македонија од страна Грција, името е најважниот идентитетски знак

Сиљановска: Разговорите за името се директно вмешување во суверенитетот на Македонија од страна Грција, името е најважниот идентитетски знак

Професорката Гордана Сиљановска вели дека со разговорите за името Грција се вмешува директно во внатрешните работи на Македонија. Било која друга држава не би се осудила да на овој начин да се вмешува во внатрешните работи на една држава, бидејќи името на внатрешен план е дел од суверенитетот на една држава заедно со знамето, химната и јазикот е дел од правото на самоопределување на една држава. Со привремената спогодба Грција посредно ја има признаено Македонија, Македонија под уставното име е признаено од 137 држави, а барањето за ерга омнес на Грција е игнорирано додаде таа.

Сиљановска истакна дека има големи резерви во однос на географска одредница за името, бидејќи според неа се работи за конфликт на деноминација.

-Смешно е да се тврди оти било каква промена на името со географска одредница нема врска со идентитетот, тие две нешта се неразделни. Правнички кажано името е најважниот идентитетски знак. Во однос на ситуацијата што и се случува на Македонија во моментот ја окарактеризира како отсуство на државничко однесување и го критикуваше не посегање по внатрешен консензус за прашањето за името, рече таа.

Според професорката со промената на името на аеродромот и автопатот кое го најави Заев директно се наштетува на преговарачката позиција на Македонија во спорот.

-Со тоа Македонија потврди дека не верува во пресудата од Хаг. Меѓународниот суд на правдата докажал оти Македонија не е страната која ја прекрши привремената спогодба со Грција, ниту со спомениците, ниту со имињата на автопатот или пак аеродромот, рече Сиљановска.

Сиљановска за крај додаде ,,Се сеќавам на време кога аеродромот во Солун се викаше Микра, а универзитетот, универзитет во Солун сега аеродромот се вика Македонија, а универзитетот Аристотел’’.

Најнови вести