четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Силјановска: Проект Обнова има многу добри проекти за граѓаните

Силјановска: Проект Обнова има многу добри проекти за граѓаните

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 денеска беше на средби во Кисела Вода. Таа се осврна на низата проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Проект-Обнова.

„Она што ми се допаѓа се ваучерите за компјутери, ваучерите за театар, за културни настани, за спортски настани, исто така мобилното образование, можноста со практичната димзензија да се занимавате, враќање на стручните училишта кои ги имавме, понатаму ослободувањето на младите до 29 години од било каков данок, бидејќи тоа е политика која ќе ги задржи овде. А да не зборувам за нешто што мене најмногу ме болело, а сега тоа е внесено во програмата дека 500 – те најдобри студенти веднаш ќе добијат понуда за вработувања во администрацијата и во институциите. Да се потсетиме кого примаа во институциите, дали најдобрите студенти – не, тие си заминуваа. За жал помнам многу студенти кои не само што биле брилијантни, туку и магистрирале надвор на области кои се важни потоа не ги вработувале, немало место од списоците на нивните“, рече Силјановска.

Професорката Силјановска се осврна и на темата кандидат Албанец за премиер која беше промовирана од ДУИ.

„Деновиве се зборува за премиер Албанец, одма видовте кој е главен во делот јавно здравство, неговиот внук. Така не се гради натпревар и држава. Држава бара конкурс, ние мора да се вратиме на конкурсот и сите што конкурирале да ги истакнеме да ги прочитаат со нивните имиња како што на факултетите кога имаше примен, па битката беше да влезат тие со петки’, рече Силјановска.

Професорката посочи и дека има два начини на вработувања. Едниот е со конкурс, рече Силјановска и додаде „но нема крај бројката на оние кои биле најгоре, а не биле примени, и оние кои биле на дното, а влегле во администрација сите имаат некоја таква прикажана“. Професорката кажа дека секаде во светот се вели дека една од најпочитуваните професии е онаа на белите крагни, тоа е администрацијата тие покажуваат посветеност на право, устав и тие се таму за граѓаните.

Коронавирус