вторник, 11. август 2020. Вести денес: 56
home Вести

Силјановска: При склучување на меѓународните договори секоја држава е рамноправен субјект без разлика на нејзината големина

Силјановска: При склучување на меѓународните договори секоја држава е рамноправен субјект без разлика на нејзината големина

Носителот на листа во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова сподели видео на својата фејсбук страница од средбата со граѓани во населбата Аеродром.

-Сите вие сте виделе и во Обединети нации, си пишуваше „macedonian“, немаше слеш, па да пишува „citizen“. Ако е државјанство и граѓанство исто, зошто тогаш пишуваш „citizen“? Зошто не пишува кај Грција? Пишува „greek“, „bulgarian“, „french“, никаде нема „citizen“. А неговата аргументација е затоа што сме биле мултиетнички народ. Таква глупост не постои, вели Силјановска во објавеното видео.

Таа додава дека 92 проценти од државите во светот имаат мнозинско население под 70 проценти, што значело сите се мултиетнички.

Целосното видео може да го слушнете во продолжение.

При склучување на меѓународните договори секоја држава е рамноправен субјект без разлика на нејзината големина, а не како во нашиот случај каде нашиот сосед е именуван со дупло име, а ние само како ‘втората страна’.

#ИсправиСеМакедонијо
#Заокружи14
#НикогашПовеќеЗаев

Коронавирус