петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Силјановска: Правото е важно, за тоа говори признавањето на Македонија под уставното име од повеќе од 140 држави!

Силјановска: Правото е важно, за тоа говори признавањето на Македонија под уставното име од повеќе од 140 држави!

Дека е важно правото покажува однесувањето на повеќе од 140 држави кои ја признаа Република Македонија под уставното име. Тоа значи дека тие го почитувале меѓународното право преточено во меѓународните документи, рече професорката Гордана Силјановска Давкова претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Таа праша каде се сега истите тие луѓе кои ветувале дека со Договорот од Преспа е сочуван македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Силјановска посочи дека со Привремената спогодба бил зачуван македонскиот идентитет.

Името од Привремената спогодба не се однесуваше на македонскиот идентитет.

-Огромна е разликата од овој договор сега и Привремената спогодба. Со неа нашиот суверенитет беше загарантиран, таа не се однесуваше на внатрешните работи, посочи Силјановска.

Професорката укажа и на тоа дека промените на имињата на аеродромот и слично пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година не е основна причина за проблемите меѓу Македонија и Грција и нерешавањето на спорот со името.

-Морате да имате во предвид дека антиката е универзална вредност, категорична е Силјановска.