среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Сиљановска: Правичната и соодветна застапеност не смее да се однесува само на етничкиот критериум, туку и на лицата со попреченост и родовиот критеруим

Сиљановска: Правичната и соодветна застапеност не смее да се однесува само на етничкиот критериум, туку и на лицата со попреченост и родовиот критеруим

Професорката Гордана Сиљановска Давкова во претседателската дебата на телевизија Алсат истакна дека правичната и соодветна застапеност не смее да се однесува само на ентичкиот критериум туку треба да се однесува и на лицата со посебни потреби и родовата застапеност во институциите. Сиљановска посочи дека токму таа во својот кабинет на правниот факултет Јустинијан Први се погрижила за правичната застапеност каде нејзиниот асистент е етнички Албанец, Денис Прешова.

-Јас за правичноста и соодветна застапеност сум се погрижила да ја примена прво на мојата катедра. Но не само раководена од припадноста етничка туку покрај стручноста и компетентноста зад себе ќе оставам и подобар професор. Сите знаат кој е не сакам да го споменувам. Второ правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок. Она што не постои во Македонија е закон за соодветна застапеност. Не можете директно да применувате во праксата темелна вредност на уставниот поредок. Значи ако нема департизација и деполитизација, правичната и соодветна застапеност ќе биде узурпирана од партиските лидери. И тогаш ниту најдобрите Албанци, ниту најдобрите Македонци ќе бидат на најдобрите позиции. По мене правичната и соодветна застапеност не смее и не може во форма на афирмативна акција да се однесува само на етничкиот критериум. Тоа е забрането во САД. Мора да се однесува и на лицата со посебни потреби, мора да се однесува и на родовата застапеност, вели Сиљановска.

Коронавирус