понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Вести

Силјановска: Помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото

Силјановска: Помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото

Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род. Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота. Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст, вели кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.

-По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото. Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото! За многу години!, напиша Силјановска на Фејсбук.