понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 92
home Вести

Силјановска: По Договорот од Преспа сменет е идентитетот!

Силјановска: По Договорот од Преспа сменет е идентитетот!

Кога велам дека Преспанскиот договор е лош тоа не е политичка оценка, тоа е резултат на студија објавена на македонски и англиски јазик. Преспанскиот договор се заснова на кршење на Уставот на РМ, постапките не се во рамки на деловникот, правото, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на емисијата 360 на телевизија АлсатМ.

-Консултативниот референдум за прашање во кој прво се зборува дали сте за ЕУ и НАТО ? За ова Уставот не познава консултативен туку само задолжителен референдум. Преспанскиот договор е дури на крајот на прашањето, посочи Силјановска.

Говорејќи за референдумот од 2018 година, таа прашува ако тој референдум бил успешен, дали значи дека и референдумот од 2004 година за територијалната поделба бил успешен кога повеќе од 95 проценти рекоа не за новата територијална, а беше прогласен за неуспешен зошто немаше потребен процент на излезност.

Според неа не може да се прави паралела со земји како Швајцарија бидејќи таму уставот е устав, законот е закон и се почитува. Но, како што укажа тоа не е случај во Македонија, како за референдумот, така и за многу други постапки и законски решенија како на пример Законот за амнестија, посочи дека се надвор од правото.

Силјановска посочи дека со Преспанскиот договор многу работи се менуваат.

-Јас сум растела и сум го градела идентитетот во Република Македонија. Сте слушнале ли дека соседот треба да ви признае јазик. Ако ви го смениме името или го смениме моето од Гордана во Јордана тогаш се менува целиот идентитет. Во мојот идентитет е многу сменето ќе треба да вадам документи со ново име, треба да се лажам каде сум родена. Целиот мој идентитет немал ништо со Република Северна Македонија, објасни Силјановска.