сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Силјановска од Струмица: Нашата филозофија е кажуваме, помниме, правиме, спроведуваме- нивната е кажувам, заборавам, негирам

Силјановска од Струмица: Нашата филозофија е кажуваме, помниме, правиме, спроведуваме- нивната е кажувам, заборавам, негирам

Кажувам, заборавам, негирам- тоа е нивната филозофија. Нашата филозофија е кажуваме, помниме, правиме, спроведуваме.

Ова го истакна кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на големиот митинг во Струмица.

-Не само што го забораваат ветеното, политичкото, туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната, а химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што нема химна, нема држава, ама ја нема нивната држава, нашата е со нас и кога ја пееме и кога се радуваме на неа и кога плачеме со неа.

Силјановска потенцираше и дека покрај химната, ја заборавиле и Струмица и цела Македонија.

Професорката на митингот во Струмица рече дека првата асоцијација во овој град за неа е асоцијацијата на претседателот Борис Трајковски.

-Соработував со него кога се носеше законот за локална самоуправа и за територијаната поделба. И името на Пандев многу значи. Многупати ме направил среќна и горда, рече таа.

Коронавирус