среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Силјановска од Македонски Брод: Уставот не може да се диктира однадвор, Уставот мора да извира одвнатре

Силјановска од Македонски Брод: Уставот не може да се диктира однадвор, Уставот мора да извира одвнатре

Кандидатот за претседател, професорката Силјановска Давкова на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Македонски Брод истакна дека народот на 30-ти септември рече не на промената на Уставот, референдумот не успеа, а власта заборави на народот.

-Уставот е мој и ваш, Уставот не може да се диктира однадвор, Уставот мора да извира одвнатре, вели професорката.

Силјановска порача дека Уставот треба ретко да се менува, и тоа со рака што трепери, не од страв туку од одговорност. -Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава, што значи и на Македонија.

-Американците го смениле Уставот 27 пати за 200 години, а тој има само 7 члена, ние сме го смениле Уставот 36 пати од 1991 година, ама само два пати одвнатре, еднаш заради притворот и еднаш заради правосудството, сите други промени доаѓаа однадвор, вели Силјановска.

Професорката посочи дека суверенитет извира од граѓаните за кои е уставот, не извира однадвор.

-Мината година Уставот се менуваше не заради граѓаните, не заради подобра економска состојба и подобар живот, туку заради името. Преабулите во светот ретко се менуваат, ние ја сменивме Преамбулата како илинденците и партизаните да се бореле за Северна Македонија, тоа е погрешно, неприфатливо и тажно, рече таа и додаде:

„Дали Уставот кога се менуваше беше заснован на договор ратификуван согласно со него. Не, не се засноваше ниту на уставните одредби, ниту на народната волја. Мислеа ќе најдат алиби во референдумот, ама ние си седевме дома и не ги легитимиравме ни нив, ни референдумот. Молкот одекна и надвор и во собранието и наместо да си поднесат оставка продолжија да си го менуваат“.

Најнови вести

Коронавирус