понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 84
home Вести

Силјановска од Македонски Брод: Фокусот на обновата ќе биде насочен кон промоција на богатата култура на државата

Силјановска од Македонски Брод: Фокусот на обновата ќе биде насочен кон промоција на богатата култура на државата

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова вечерва беше во посета на Македонски Брод.

-Многу енергија во Македонски Брод.
Луѓето бараат промена и пристоен живот.
Ова прекрасно место е погодно за развивање на руралниот и алтернативен туризам.
Еден од столбовите во областа на развојот на туризмот во Македонија се однесува на градење на туристички потенцијал во државата. Покрај веќе постоечките, изградени туристички производи, како и новите мапирани производи кои ќе бидат вградени во новата Национална стратегија и Студијата за алтернативните форми, ќе ги развиваме, дополнуваме и промовираме и потенцијалните туристички производи. Фокусот ќе биде насочен кон промоција на богатата култура на државата и на целокупниот природен потенцијал што го има Македонија.
#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова
#Заокружи14, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Многу енергија во Македонски Брод.

Коронавирус