петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 212
home Вести

Силјановска од Македонска Каменица: Не само што нивниот град ќе остане македонски, туку и Македонија е силна како камен

Силјановска од Македонска Каменица: Не само што нивниот град ќе остане македонски, туку и Македонија е силна како камен

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вчера беше во работна посета на Македонска Каменица.

По тој повод таа објави и свој статус на Фејсбук:

-ЧУДАТА НА ЗАЕВИЗМОТ: Ја поздравив и Македонска Каменица, но не употребив специјален јазик, „есперанто“ или немуштиот јазик на премиерот! Јас не го говорам ниту разбирам новомакедонскиот јазик. Зборувам со јазикот што луѓето најдобро го разбираат, па се сложивме дека државата не може да оди напред со Заев како машка верзија на Катица, и со Катица како женска верзија на Заев. Луѓе без капацитет за сопствена акција, ами само слепи извршители на налози однадвор, не можат ни да водат, ни да реформираат. Луѓето со кои се сретнав ми кажаа дека не само што нивниот град ќе остане македонски, туку и дека Македонија е силна како камен. Но, маките се по народот, па и тука се бара надеж и излез од безизлезот. Човек треба да има доблест и храброст да им каже и на овие драги луѓе и на сите дека Европа почнува тука, со нас и заради нас. Никој нема да нѐ спасува ако самите не ја исправиме оваа држава на нозе. А тоа се прави само преку државни институции во кои владее правото, а не со мала политичка клика која мисли само на својот профит, а која на обичните луѓе се сеќава само за избори или на Прочка. Некои чуда на заевизмот не е можно ниту да се заборават, ниту да се простат, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Коронавирус