четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Силјановска од Ѓорче Петров: Две ипол години се соочуваме со политички пазар, притисок и закани- тоа е слика која што мора да се смени

Силјановска од Ѓорче Петров: Две ипол години се соочуваме со политички пазар, притисок и закани- тоа е слика која што мора да се смени

Безнадежната, бескрајната транзиција мора да заврши и да почнеме ние со демократска консолидација, а тоа значи стабилни институции, процес на одлучување внатре во Парламентот, во Владата, а не надвор во некои неформални тела, бидејќи таа постапка е без процедура, не е процедура притисок, политички пазар, закани, а со тоа ние овие две ипол години постојано се соочуваме.

Ова го истакна кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот од, како што кажа таа, една од нареволуционерните општини во Скопје и Македонија, Ѓорче Петров.

-Мора да ставиме крај на овие претседателски избори, или да не дозволиме да се концентрира власта на едно место, во една партија, во две партии, во неколку партии, оти тоа се заканува да прерасне од тиранија на мнозинството парламентарно, да прерасне не само во авторитарен, туку во тоталитарен систем во кој што еден човек ќе рече држава- тоа сум јас, Македонија- тоа сум јас, но не е тој Македонија, туку вие сте Македонија, ние сме Македонија.

Силјановска меѓу другото кажа и дека ЕУ и НАТО се стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

-Далеку е европското сонце, ако овде истовремено имате селективна правда, реваншизам, ако само луѓето од опозицијата се пред судовите, ако не се гледаат пораките за економијата, ако има криминали, тогаш тоа не е европска слика, тоа е балканска слика која што мора да се смени од луѓе со европски дух и идеали, а тие се не реал-политиката, туку право и правда.

Пред граѓаните на Ѓорче Петров, Силјановска истакна дека е загрижена поради анкетите кои покажуваат намалена приврзаност кон Европската Унија и НАТО, а тоа е само поради една причина бидејќи актуелната власт ги злоупотреби Европската Унија и НАТО во најбесрамното референдумско прашање.

-Ова го кажувам за граѓаните Македонци бидејќи кај нив е најголем падот, не затоа што тие не се идентификуваат со ЕУ и со НАТО, туку затоа што оваа власт ги злоупотреби ЕУ и НАТО во најбесрамното референдумско прашање.

Таа додаде дека уставот на Република Македонија предвидува задолжителен референдум за влез во Европската Унија, но не и за членство во НАТО, потенцирајќи дека СДСМ наместо цврсто да застане и да ги праша граѓаните дали се за промена на уставното име на државата таа ги искористила ЕУ и НАТО а со тоа и го жртвувала името на Република Македонија.

Нашиот Устав за членството во Европската Унија кога ќе дојде време при крајот на преговорите предвидува задолжителен референдум, додека за НАТО не предвидува референдум. Но, тие ги ставија во референдумското прашање без да не прашат дали сте за промена на името, машки и женски силно, тие го закамуфлираа прашањето, зошто мислеа дека на ЕУ и НАТО или под плаштото на ЕУ и НАТО ние ќе го заборавиме или ќе го жртвуваме името. Погрешија, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова побара поддршка од граѓаните ветувајќи им дека во нејзиниот кабинет ќе го сочинуваат луѓе кои ќе имаат искуство и знаење и кои ќе бидат професионалци во својата област.

Потенцираше дека таа лично ќе се залага за конечно вражање на правото и правдата во државата, бидејќи само тоа е услов за квалитетен и добар живот за сите граѓани.

Коронавирус