среда, 2. декември 2020. Вести денес: 191
home Вести

Силјановска од Гази Баба: По победата на народот на 5 мај ќе следат предвремени парламентарни избори во Македонија

Силјановска од Гази Баба: По победата на народот на 5 мај ќе следат предвремени парламентарни избори во Македонија

Какви ли не методи измислија за да приграбат не само моќ, туку и општествено богатство, заборавија дека една држава може да биде мирна и среќна ако распределбата на општественото богатство е рамномерна, ако луѓето и кога се сами и невработени и кога се тажни можат да си го сочуваат дигнитетот и интегритетот. НЕ, кај нас болните имаат сериозен проблем, не само што нема лекари кои заминуваат, туку нема ни лекови, затоа болниците пропаѓаат, затоа една болница која што требаше да биде веднаш изградена тие измислија дека треба да се дислоцира, ги заборавија лицата со посебни потреби, најранливата ромска заедница, лесно е да се слави денот на ромската заедница, ама треба да ги направите рамноправни во оваа држава, ова вечерва на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Гордана Силјановска кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заборавија на лицата кои боледуваат од посебни болести, на лицата кои имаат проблеми со слухот, заборавија на лицата кои имаат проблеми со видот, а јас велам нема хендикепирани лица во државата, хендикепирана е државата што не препознава дека овие лица само на поинаков начин можат да ги изразат своите способности, ние ќе го направиме тоа. Замислете од што се се откажуваат опкружени само од послушници, опкружени само од војници, затоа и ние зборуваме на отворено, а тие се затвораат, бидејќи тоа се наместени политички приказни. Дури и прашањата се знаат, замислете колку е невкусно да добивате наместени комплименти и да се радувате на истите, се разбира ние ја очекуваме вашата поддршка, но ние нема да влијаеме како тие што прават со уцени, со закани и подмитување. Овој народ знае кога, како и за кого да си го користи гласот и јас во срце ви верувам дека ќе го направите правиот избор, вели Силјановска.

Таа додава дека по гласањето за неа на 21  април и 5 мај ќе следуваат парламентарни избори.

-Јас верувам дека победата на 21 и 5 ќе значи целосно делегитимирање на оваа веќе нелегитимна по којзнае кој пат власт, додаде Силјановска.

Инаку целиот митинг кој се уште трае во живот можете да го следите во продолжение:

Коронавирус