вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Вести

Силјановска од Делчево: Не е евроинтеграција да склучите штетен договор за земјата или да донесете закон за употреба на јазиците кој е спротивен на Уставот

Силјановска од Делчево: Не е евроинтеграција да склучите штетен договор за земјата или да донесете закон за употреба на јазиците кој е спротивен на Уставот

Кандидатот за претседател на Република Македонија Професор д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Делчево.

Силјановска Давкова нагласи дека не е евроинтеграција кога се склучува договор за промена на уставното име, ниту пак кога се носи закон за употреба на јазиците кој е спротивен на Уставот и Рамковниот договор, туку евроинтеграција е кога во Република Македонија се случуваат реформи кои што се од големо значење како за државата така и за сите граѓани.

-Веќе слушаме деновиве дека многу тешко дека ќе добиеме датум за преговори како што не убедуваа бидејќи договор е договор, закон за употреба на јазици е закон, ама сега ќе стигнат масата македонска вистинските барања таканаречените Копенхагеншки критериуми, најважно класифициран закон, владеење на правото, просперитетна економија, квалификувана и стручна администрација, државна и јавна, жестока борба со корупцијата и криминалот, жестоко справување со непотизмот, слободни и објективни медиуми. Верувам дека нема ни еден човек меѓу нас кој вакво нешто препознал да прави оваа власт, потенцираше Силјановска и додаде:

„Тоа се вистинските критериуми и нашата шанса, зошто ние велевме дека подобро е прво да работиме на реформи и можеби потоа да седнеме и сериозно продлабочено да разговараме за името зошто кога вие сте на европскиот пат и се препознавате како европска држава, тогаш посилни се и во преговорите. Но, ако не исполнувате ниту еден од овие критериуми тогаш ќе правите отстапки, какви што правеа, не само на соседот, туку и на коалиционите партнери зошто ви се потребни нивните гласови за изгласување на Преспанскиот договор или за изгласување на законот за употреба на јазиците. Тогаш ќе заборавите на владеењето на правото и демократијата и ќе велите целта е многу висока, важно е ние нели да работиме на евроинтеграциите, ама не е евроинтеграција да склучите штетен договор за земјата или да донесете закон за употреба на јазиците кој е спротивен и на Уставот и на Рамковниот договор.“