среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Силјановска од Бутел: На власта и пречи химната затоа што ја потсетува на неправдите кои ги прави

Силјановска од Бутел: На власта и пречи химната затоа што ја потсетува на неправдите кои ги прави

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел, кандидатката за Претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова се обрати на присутните бутелчани велејќи дека оваа кандидатура и овозможила да ја прошета Македонија и да си го запознае народот, да ги слушне неговите проблеми и забелешки за да може, доколку биде избрана за Претседател на Република Македонија, да ги пренесе до надлежните институции за да бидат решени.

Таа се заблагодари на сите нејзини поддржувачи, со оние кои се среќава и оние кои ја поддржуваат секојдневно на социјалните мрежи.

-Се ближи денот кога ќе се најдеме очи во очи со оние кои не’ евалуираат и ни ги оценуваат чекорите и односите и институцииите како функционираат низ призма на владеење на правото за да ги почнеме преговорите за Европската Унија. За жал, во Македонија немаме владеење на правото, туку на мала група на луѓе кои се повикуваат на фантастичноста на Преспанскиот Договор, а во меѓувреме фантастично краде, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека во Македонија нема поделена власт, дека сета власт е централизирана во Владата на Илинденска, каде за се е надлежен премиерот, од комуналните работи се до судските реформи и затоа во државата не функционира децентрализацијата и нема рамномерен развој и независно судство.

-Она што се случуваше, од чинот на нелегален и чуден избор на претседател на Собранието до денеска се е за студија на случај во компаративното право и политичкиот систем. Од чудниот Закон за амнестија, преку измените на Кривичниот Законик до одлуката за референдум и постапувањето по неуспешниот референдум се е надвор од границите на правото. Тоа е политика која не е врамена во правото, која ниту е е легална ниту е легитимна, истакна кандидатката Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова рече дека на власта и пречи химната затоа што ја потсетува на неправдите кои ги прават нејзините челници. Таа се осврна и на лекарите кои секојдневно се иселуваат од Македонија, за нефункционирањето на реформите во јавната администрација и ризичната безбедносна ситуација.

Рече дека државата кога функционира по процедура функционира за сите подеднакво и дека ќе се залага да биде Претседател на правна држава која ќе функционира еднакво за сите.

Коронавирус