вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 94
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Силјановска: Нема ни благодарам од Димитров за помошта од Словенија

Силјановска: Нема ни благодарам од Димитров за помошта од Словенија

Професорката Гордана Силјановска Давкова реагира за неискажаната јавна благодарност од шефот на дипломатијата Никола Димитров за помошта од Словенија за Македонија.

„Во услови на пандемија, очекува(в)м, веднаш, министерот за надворешни работи да се заблагодари за словенечката помош од 110.000 евра за МВР. Здравјето во моментов е поважно за нас од демократската транзиција во Венецуела, која ќе биде процес. Ама, пустиот поданички дух!“, коментира на Твитер опозициската кандидатка на ланските претседателски избори и носителка на листа на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори.

Помошта за МВР пристигна третиот ден по барањето од лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски упатено до новиот премиер на Словенија, Јанез Јанша.

Словенија е првата земја-членка на Европската унија и на НАТО што достави помош за Македонија за време на пандемијата од коронавирус.

Коронавирус