понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Неизлегувањето и негласањето на избори или референдум е изразување на личен став

Силјановска: Неизлегувањето и негласањето на избори или референдум е изразување на личен став

Универзитетската професорка и експерт по уставно право, Гордана Силјановска- Давкова во нејзиното гостување во отвореното студио на Алфа телевизија, кажа дека во законот за референдум јасно е дека на прашањето може да се одговори со да или со не, но исто така јасно е дека неизлегувањето на избори и негласањето е изразување на личен став.

Силјановска ги посочи примерите во 1991 и 2004 година каде имало бојкот. Посебно таа се наврати на бојкотот од 2004 година, каде посочи дека нема прашања што не заслужуваат одговор во однос на европската повелба која гласи дека не може да се изврши територијалната поделба, ако не се прашаат претходно граѓаните.

-Ние секој ден имаме кампања на медиумите, се појавуваат министри велат дека сите треба да гласаат „За“, дека не треба да има против. Не знам зошто организираме референдум кога сите треба да гласаат позитивно. Во врска со тоа ако референдумот е неуспешен, не може во период во 2 години да се постави истото референдумско прашање. Собранието е должно во рок од 60 дена да го уреди прашањето во согласност со резултатите од истиот. Се се враќа назад бидејќи не важат обврските на Грција и ние тоа го чувме од генералниот Секретар на НАТО, вели Силјановска

Силјановска додаде дека Владата и премиерот кога превземаат чекори во однос на референдумот, треба да ги имаат во предвид сите прашања, па и она во кое референдумот е неуспешен. Таа додаде дека повелбата на ОН зборува за право на самоопределување на секој народ како колективно право.

Според професорката тезата дека географската одредница е најдоброто решение не е точна.

Коронавирус