петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

Силјановска: Наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор

Силјановска: Наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор

Битката за пишан Устав била битка за ограничување на власта, за политика во границите на правото. Зошто? Зошто, самото тогаш слободите и правата на човекот и граѓанинот како президентни можат да бидат заштитени, истакна во интервју за ПресингТВ, професорката од Правниот факултет на УКИМ, „Јустинијана Прима“, Гордана Силјановска Давкова.

Силјановска образложи дека кај нас се случува нешто обратно.

-Не само, сите ние знаеме дека суверенитетот во 21 век не може да биде апсолутен. Дека е ограничен, дека кога ќе влеземе во ЕУ ќе го пренесеме делот од суверенитетот на ЕУ, но тоа е сосема една друга приказна. Непознат феномен е прво по донесувањето на одлуката за уставни промени не Претседателот на Собранието, туку Премиерот да говори за важноста на тој чин што е директно спротивно на едно од основните начела на уставниот поредок и на демократијата, поделбата на власта. Значи во тој момент тој ги обедини обете функции во себе и извршната и значи претставничката. Не ми е јасно зошто се толерираше ова. Ако Уставот е највисокиот правен акт, ако Уставот е општествена повелба на граѓаните на Република Македонија, ако во Уставот се утврдува суверенитетот на државата тогаш не ми е јасна оваа постапка. Одлуката за почеток на уставните измени е крајно спорна, не смееме да заборавиме во какви услови беше донесена. Атмосферата во Собранието за која што тие велат дека била атмосфера на историски ден, не беше атмосфера на историски срам.

Професорката Силјановска истакнува дека наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор, а како еден од нив наведува е тој што „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“.

Коронавирус