понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Набрзо ќе се соочиме со парализа на судскиот систем

Силјановска: Набрзо ќе се соочиме со парализа на судскиот систем

Професорката Силјановска на митинг во Тетово говорејќи за јазикот истакна дека јазикот е најважниот код за комуникација особено во мултиетничко општество, не може да се разбираме преку преведувачи.

Таа вели знае што го тишти најмногу тетово, иако не е националист, поради тоа што е порасната во турска куќа со побратими и нема ништо против проширување на јазичните права, но доколку тие се во согласност со Уставот и рамковниот договор.

-Тезата дека ако сите имаме исто, се вклучувајќи го и јазикот,едно општество за сите може да биде само граѓанското. Цитирајќи професор од Босна кој велел: „Ако граница за колективните права не се индивидуалните, од тоа не бива правна држава“. Рамковниот договор има гарантори кои треба да важат, кога се работи за јазикот, вели професорката.

Јазикот е многу важно комуникациско средстсво меѓутоа во мултикултурните општества мора да се има некој код на комуникација. Сите искуства покажуваат дека кога имаме бинационален концепт, ние мораме да учиме да не ги повторуваме лекциите. Професорката вели дека она што ќе го договарат лидерите не е најидеалното решение.

-Се однесувам одговорно кон основниот принцип на ЕУ, а тоа мора да биде и единствен принцип на Македонија,а тоа е владењето на правото, вели Силјановска.

Професорката Силјановска вели дека ние мораме да повикуваме на повеќе право, ако сакаме да живееме во мир. Не попусто се бори македонскиот народ во химната за правдини, не за незаузданата политика без право, туку правно врамената политика. Политиката на власта е спротивна и на македонското уставно право и на меѓународното задолжително право, вели Сиљаносвак Давкова во Тетово.

Коронавирус