четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Вести

Силјановска на средба со граѓани во Јегуновце: Незамисливо е во 21-ви век да не се почитува правото на самоопределување

Силјановска на средба со граѓани во Јегуновце: Незамисливо е во 21-ви век да не се почитува правото на самоопределување

Кандидатот за претседател на државава, Гордана Силјановска Давкова, денес беше во посета на Општина Јегуновце, каде оствари средба со голем број на граѓани.

При посетата Силјановска Давкова им се обрати на граѓаните од Општина Јегуновце и рече дека незамисливо е во 21-ви век во услови кога постојат ОН, Совет на Европа, Меѓународен суд на правдата во Хаг, да не се почитува правото на самоопределување.

-Бидејќи пред се сум обичен човек, човек од народот, како велел Линколн „Од народот за народот, со народот“, би требало да бидат оние кои го претставуваат. Честопати си велам, замислете си сега да сте на возраст од 75 години, бидејќи Македонија е во женски род, возрасна жена од 75 години на која треба сега да и се смени името, а вие ја убедувате дека тоа нема да се одрази на нејзиниот идентитет. Сакам да кажам дека името е важен дел, името е нешто на идентитетот. Името е нешто важен елемент на идентитетот, појасни Силјановска Давкова.

При самата посета Силјановска Давкова појасни дека поради сето ова што се случува моментално во државата, за неа на изборите ќе гласаат не само луѓе кои гласале секогаш за ВМРО-ДПМНЕ, туку и многу други.

Таа ги спомна и разочараните од оваа власт, оние кои никогаш не гласале, разочараните од шарената револуција, оние кои почувствуваа дека го губат достоинството по сето она што се случуваше овие неколку години.

-Ќе гласаат сите без оглед на етничка и верска припадност бидејќи граѓани гласаат на избори како поединци, а не партии. Значи оние кои навистина сакаат промена, изјави Силјановска.