недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 55
home Вести

Силјановска: На претседателките избори треба да се победи не заради Гордана Силјановска, туку за да се делегитимира власта

Силјановска: На претседателките избори треба да се победи не заради Гордана Силјановска, туку за да се делегитимира власта

Професорката Силјановска на митингот во Кичево истакна дека на претседателките избори треба да се победи не заради Гордана Силјановска, туку за да се делегитимира власта, за тоа што таа не водела сметка за уставното право и за задолжителното меѓународно право.

Професорката рече дека Македонија има сериозно проблеми со демократски дефицит, очекувавме живот, а животот не го гледаме. Единствените промени кои ги направи реформската влада беше промената на името. Од владеење на правото нема ни трага ни глас, кај нас целовкупната власта е концентирана во рацете на премиерот, а нашите слободи и права се загрозени, секоја власт ве коруппира, апсолутната, апсолутно го прави тоа, вели таа.

-Ние сме во врвот на корупцијата и криминалот. Суверенитетот е најзагрозен со корупција и криминалот. Не може да се оди кон ЕУ без стручна и компетентна администрација. Со партиска администрација не се можни реформи, затоа треба да ги предупредиме на овие избори.

-Непотизмот завзеде пандемски размери, каде што има непотизам не може да има успех, но ние и со него ќе се справиме. За сите објективни аналитичари македонскиот систем е хибриден режим, не либерална демократија, рече професорката.

Силјановска порчаа дека најважно е да се излезе на овие избори , дека ако не го достигнеме цензусот претседателот ќе се бира во собранието, ќе биде по нивна мерка. Се што прави оваа власт, нема да го прави новата власт, туку на државнички, европски и демократски начин ќе дејствува, вели таа.

Да почнеа со реформи пред две ипол години како што ветуваа, ние сега ќе бивме во европска кондиција за почеток на преговори, но тоа не се случи вели Силјановска.

-Ја верувам во мудроста на народот, верувам дека знае да препознае личност која ќе работи за него и ќе биде со него, истакна Силјановска Давкова на митингот во Кичево.

Коронавирус