недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Силјановска на Пендаровски: Вие ми звучите како венецијански трговец

Силјановска на Пендаровски: Вие ми звучите како венецијански трговец

Тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ и ДУИ и Блерим Река од Алијансата на Албанците и движењето Беса, вечерва се соочија на првата претседателска дебата на телевизија Телма.

Силјановска Давкова го спореди Пендаровски со Венецијански трговец, веројатно мислејќи на Шекспировата трагикомедија „Венецијанскиот трговец“ која отсликува портрет на алчен трговец и лихвар. Силјановска Давкова објасни дека нејзина амбиција е да стане Претседател на Република Макодонија и дека друга амбиција нема.

– Јас бев во два мандати потпретседателка на групата на независни експерти за локална самоуправа во Советот на Европа и повикував на право, бев во два мандати Потпретседателка на Комисијата за малцински прашања во Венецијанската Комисија и таму укажував на правните аргументи, а вие мене ми личите на Венецијански трговец, му рече Силјановска Давкова на Пендаровски.

Коронавирус