понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Силјановска: На младите им должиме европска иднина која власта нема капацитет да им ја овозможи!

Силјановска: На младите им должиме европска иднина која власта нема капацитет да им ја овозможи!

Од младите зависи иднината на Република Македонија. А јас како професор, но и Претседател ќе сторам сè да помогнам да се стекнат со дополнителни знаења и вештини со цел да бидат подготвени за предизвиците што претстојат во иднина, ова денеска преку Фејсбук статус го потенцира кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Јас ветувам дека ќе работам со тим на компетентни лица кои ќе поттикнат реформи за да изградиме капацитет за членство во Унијата. Последниве две години видовме дека тоа е неопходно затоа што владата не ги спроведе планираните реформи. Поради тоа не очекувам датум за почеток на преговори во јуни. Промената на името не е замена за реформи, за добро владеење, за борба со корупцијата и непотизмот, за владеење на право и правна држава. На младите им должиме европска иднина која власта нема капацитет да им ја овозможи!, истакнува Силјановска.

Коронавирус