понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Силјановска: На 21 април ќе стигне демократската пресуда на народот

Силјановска: На 21 април ќе стигне демократската пресуда на народот

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова, од Радовиш говорејќи за однесувањето на владата вели дека не ќе може веќе вака после 21 април, особено не ќе може после 5 мај, затоа што тогаш ќе стигне демократската пресуда на народот.

Таа потенцира дека власта не прави разлика помеѓу инвестиција и реинвестиција.

-Власта зборува колку пари ние ќе сме добиеле кога ќе сме ги почнеле преговорите, па си додаваат нули и си веруваат во бројките. Веројатно веруваат дека е нулата е број, но тие се во голема илузија и знаат дека уште еднаш ќе изгубат, рече Силјановска и додаде:

„Деновиве кога разговарам со граѓаните од една страна сум пресреќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, меѓутоа од друга страна сум толку тажна кога ќе чујам што се не е решено во овие два ипол години, а ветено, а со што се се китат“.

Професорката потенцираше дека се обиделе да ги измамат граѓаните со живот, меѓутоа не само што не донеле живот, туку и им го загрозиле животот на граѓаните.

-Тие се во некој политички сон, знаат дека уште малку им преостанува, па затоа гледаат сите можни средства да ги употребат. Па не убедуваат дека НАТО е на прагот дека тоа ќе биде крај на безбедносните промени, но не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата, далеку сме од тоа за тоа треба силна работа, треба да станеме силни стратешки, економски, за да водиме евроатланска регионална политика.

Силјановска истакна дека е голем цинизам и хипокризија она што го говори СДСМ дека ќе сме биле четвртата Македонска Република, кога според членот 7 од Договорот придавката македонска не може да стои пред републиката.

Коронавирус