понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Силјановска: На 21 април и 5 мај треба изборно да ја делегетимираме власта за да не ја грабнат и претседателската функција во свои раце

Силјановска: На 21 април и 5 мај треба изборно да ја делегетимираме власта за да не ја грабнат и претседателската функција во свои раце

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Берово.

Силјановска Давкова при обраќање пред граѓаните истакна дека 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ја делегитимираат власта на СДСМ и Заев, бидејќи не водат сметка за правото и правдата.

-На 21 април и 5 мај треба изборно да ги делегетимираме тоа ќе значи дека нема да грабнат уште една важна функција претседателската во своите раце, оти тие се би грабнале за да останат на влас, се борат на живот и смрт, зошто знаат дека правото и правдата ќе ги стигнат и нив, ама заборавија дека тие не водеа сметка за правото и правдата тие беа обземени од политички реваншизам, делеа селективна правда. Не ние нема да бидеме како нив, ние ќе бидеме поинакви, правото и правдата ќе важат за сите, ама најпрво ќе ги испробаме на нив, вели Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова нагласи дека со оваа власт граѓаните на Република Македонија се соочуваат со лоша економија, односно како што рече таа додека владеат корупцијата и криминалот, на смета на тоа расата трошоците на живот но не и платите и пензиите на граѓаните.

Силјановска посочи дека нејзините залагања се Европската Унија и НАТО но, за влез во ЕУ се потребни вистински и суштински реформи а не ова што го прави СДСМ и Заев, додавајќи дека проблемите на граѓаните се и нејзини проблеми и дека токму таа ќе ги реши и конечно граѓаните ќе излезат од ова политичко мочуриште.

-Вашите проблеми се наши проблеми  ние постојано размислуваме како заедно да излеземе од ова политички мочуриште. Но, мислам дека времето е пред нас и дека набрзо во најубавиот месец мај ние ќе тргнеме со поинакви чекори, побрзи европски во решавање на граѓанските проблеми од секаков вид зошто не се патува во Брисел и ЕУ, туку Брисел се препознава овде, кажа Силјановска Давкова.

Таа ги потсети граѓаните дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија секогаш ќе го користи ветото доколку постои основано правно сомнение дека некој закон не е во согласност со Уставот, а за нејзе како професор по уставно право е најважно почитувањето на највисокиот правен акт на државата.

-Секогаш кога ќе се најди закон пред мене и кога јас имам основано правно сомнение  и оние околу мене критичарите дека не во согласност со Уставот сигурно дека ќе ставам вето. Не, за  да се правам важна или сила туку за да покажам дека уставот е тој  што важи за сите нас па и за претседателот и се разбира ќе го образложам тоа и ќе побарам да го слушнете и вие тоа, рече Силјановска.

Силјановска додаде дека често ќе се обраќа во собранието за да може сите да ги слушнат проблемите на граѓаните се со цел да се најде решение за нивните вистински проблеми и да почувствуваат граѓаните дека таа како претседател води грижа за сите граѓани.

-Ќе се обраќам во ваше име, во име на оние кои им е најголема потребата од помош. Се чини дека така и вие ќе чуете дека некој и кога е таму е со вас и вашите проблеми па ќе можете да оцените кој води а кој не води сметка за граѓаните, изјави таа.

На крај Силјановска нагласи дека во нејзиниот кабинет и во институциите каде што таа ќе именува високи функционери ќе се води од строги критериуми, знаење и професионалност.

-На сите функции секогаш ќе водам сметка да се најдат оние кои ги исполнуваат најстрогите критериуми оти само тогаш еден претседател може да биде одговорен пред граѓаните. Не да се води од пријателството и фамилијарноста или од партијата туку да се води од знаењето, посочи Силјановска.