недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска ќе го зголеми буџетот и ќе ја модернизира АРМ

Силјановска ќе го зголеми буџетот и ќе ја модернизира АРМ

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ како еден од клучните проекти во нејзината изборна програма го наведува и зголемувањето на буџетот на АРМ, како и повисок стандард и плати на воениот и цивилниот персонал.

Зголемен буџет за АРМ – За остварување на мисијата и силна Армија потребен е зголемен и одржлив буџет од минимум 2% од БДП за модернизација, логистика и распоредливост на сили имајќи предвид и на потребите за повисок стандард и плати на воениот и цивилниот персонал. Како активна претседателка секоја година ќе се вклучам во буџетската дебата со цел да обезбедам повеќе финансии за модернизација на армијата.

Силјановска исто така како битна точка во нејзината програма ја има наведено и цивилно воената соработка која би ја зголемила довербата на командантите на единиците со граѓаните и цивилните авторитети. Цивилно воена соработка – Одржување на високо ниво на цивилно воена соработка за зголемување на довербата на командантите на единиците со граѓаните и цивилните авторитети вклучувајќи и користење на добри практики од цивилниот сектор за употреба на напредни технологии и иновации во интерес на одбраната.

За повеќе детали во врска со програмата можете да прочитате ТУКА

Коронавирус