среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Силјановска: Ивица и Тања се подзаборавени од државата, но се трудат да го одржат ведриот и позитивен дух со помош од семејството

Силјановска: Ивица и Тања се подзаборавени од државата, но се трудат да го одржат ведриот и позитивен дух со помош од семејството

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со Ивица и Тања кои се борци и херои на нашето време.

-Исклучително ми е драго што денеска бев поканета да се сретнам со Ивица и Тања, вистински борци и херои на нашето време. Тања има церебрална парализа и е неподвижна а Ивица е магистер по дефектологија, иако има напредна фаза на слепило. Разговаравме за нивните реални проблеми и пречките за нормален живот со кои се соочуваат голем број други граѓани. Подзаборавени од државата, се трудат да го одржат ведриот и позитивен дух и за среќа со помош од семејството успеваат во тоа. Принципот на правична и соодветна застапеност треба да се однесува и на нив, луѓето од социјално ранливи категории. Само така ќе придонесеме за подобар живот и подобро утре за сите граѓани.
На крајот, се согласивме дека правото и правдата мора да бидат достапни за сите без разлика на нивниот здравствен, идеолошки, етнички или било кој друг статус. Докторатот на Ивица нека биде првиот чекор кон оваа цел, стои во нејзиниот Фејсбук пост.

Коронавирус