недела, 26. мај 2019. Вести денес: 66
home Вести

Силјановска: И во вториот круг ќе продолжам така како што дебатирам со аргументи, така ќе разговарам и со граѓаните

Силјановска: И во вториот круг ќе продолжам така како што дебатирам со аргументи, така ќе разговарам и со граѓаните

Најпрво уште еднаш дозволете ми да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ за отворената врата за некои однадвор како мене, ама на овие гласови јас би сакала да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитични, а гласале за мене. На граѓаните кои длабоко се разочарале од власта на СДСМ и коалиционите партнери и гласале за мене. На оние кои за првпат гласале и гласале за мене. Зошто ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата значи и на оние кои гласале за господинот Блерим Река и неговите поддржувачи и ако се собере со гласовите кои што јас веќе ги спомнав разликата е повеќе од 75.000 гласови.

Ова го истакна кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим, во кој отсуствува владеењето на правото, систем потонат во корупција, криминал и непотизам тоа е најважно. Значи опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда ние може да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО зошто само со исполнување на основниот Копенхагешки критериум и владеење на правото може да се добие почеток на преговори. Тоа е задоволство за еден професор по уставно право и политички систем, кој вели дека мора да се стави крај на транзицијата на транзиционите профитери материјални и интелектуални, недоучени, нереализирани, фрустрирани кои во сиот период на самостојна и независна Македонија трчале од функција на функција колку години стаж имаат толку имаат и функции и сега сакаат да завршат со највисоката претседател на Република Македонија, рече Силјановска и додаде:

„Но, мислам дека на оваа земја и треба нов профил на политичари, не оние од комунизмот наследените, нов профил на политичка култура, демократска политичка култура, нов профил на лидерство европско, храбро, интелектуално кое знае,а не импровизира и не измислува и лаже. Чув една изјава на една госпоѓа од СДСМ која не знам колку пати го употреби изразот„лаже“, тој збор не постои во мој речник но јас честопати велам  фројдовска е позадината и кога така велите знаете дека вие тоа сте го практикувале. Зошто мислам дека е важно да се напомене ова, јас не сум човек кој посакува или кој потонува во триумфализам, знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови и ако на тие ги додадеме оние на господинот Блерим Река како независен кандидат поддржан од две партии приказната е јасна, обајцата ние зборувавме за владеење на право, за правна држава, за крај на корупцијата и криминалот, приказната е демократска. Приказната е европска и само со таква приказна ние можеме да добиеме почеток на преговори. И само со реализација на таквата приказна можеме навистина да зачекориме кон ЕУ. Во спротивно ќе останеме закопани во транзицијата. Нашата заложба, нашите тези се тези за демократска консолидација. Нашите тези се на линија на излитената веќе парола „Нема правда, нема мир“, зошто правда во Македонија нема ама се уште е мирно. Но ние знаеме, говорам јас за демократски немир, тој немир ние ќе го предизвикаме, тоа ќе биде новата демократска бура и јас не попусто, не случајно ги поврзувам претседателските избори со предвремените парламентарни избори“.

Да беше некоја влада и власт сериозна, потенцираше таа, уште вечерва ќе размислуваше за предизвикот еднаш да се опстои на зборот и да рече дека време е да го тестираме системот за кој велиме дека е најдобриот, ама се чини дека народот не го потврдува тоа, а она што го вели народот е вистински, бидејќи на сите суверенитетот им извира од него, а не од сопствената власт.

-Знаете што, многу време ми требаше да одлучам дали да прифатам ваков предизвик. Но, има во животот моменти кога си велите дека должни сте да ставите едно камче во демократскиот мозик зошто вака како да се вртиме во круг. Значи во кругот се вртат исти личности, уште се лидери на партии, до неодамна беа пратеници или нивните клонирани наследници, иста реторика, истите заложби, тврдења и вечерва на сите телевизии ги слушав и мислам дека треба да ставиме крај на сево ова. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни, потврдени во регионот, во некои држави. Моите тези се потврдени на примерот на европските демократии. Македонија е не само слаба држава, Македонија е во многу елементи пропадната држава, на Македонија и е потребен радикален пресврт и јас мислам дека ова што го слушаме вечерва и за време на кампањата е отворена подршка за ова што го правиме, подвлече Силјановска и додаде:

„Уште еднаш би ви се заблагодарила, ќе му препуштанм на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги наброи градовите кои станаа одеднаш демократски бастиони, а не ба тоа минатиот пат. Ако некој си го потроши легитимитетот за неполни две и пол години, тогаш е во слободен пад. Колку тие ќе удираат ниско, толку ние ќе се качуваме повисоко и ми се чини дека имам етичка обврска кон сите кои ме поддржаа да  кажам дека веројатно не е тоа само заради поинаквата женска реторика, туки и суштинска реторика. Се уморивме од фрази, од навреди, а уморни сме од просечни и потпросечни луѓе. Тоа е за мене е уште еден голем предизвик и во вториот круг ќе продолажам така како што дебатирам со аргументи, така ќе разговарам и со граѓаните. Што и да се случи ова е најважниот момент во мојот живот, ги запознав проблемите непосредно видов кои им се очекувањата. На прво место економија, вработувања, живот кој го нема, е сега ни економија не може да има без владеење на правото. Се е врзано за владење на правото, нека продолжат да си зборуваат тие за Тукидид и политиката, а ние ќе го убедиме народот дека живот во Македонија, европски живот може да има само во правна држава. Јас бев и ќе останам целосно посветена за правото и правдата во Македонија“.