четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home Вести

Силјановска: Граѓаните на изборите ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и Заев

Силјановска: Граѓаните на изборите ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и Заев

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на митинг пред присутните граѓани во Радовиш истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено за граѓаните во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле, а ништо не направиле.

-Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите ние имаме увид во проблемите, меѓутоа од друга страна на сум толку тажна кога ќе слушнам што се не решено во овие две години и неколку месеци, а ветено, а со што се не се китат тоа се неверојатни работи, рече Силјановска.

Според нејзе иако СДСМ и Заев ветувале живот, не само што не го донеле дури и тој што го имале им го згоиле со лошите политики и лошиот начин на владеење, односно како што изјави таа на 21 април и на 5 мај ќе ги стигне демократската пресуда на народот.

-На 21 април и на 5 мај ќе стигне демократската пресуда на народот бидејќи се обидовте да не измамите со живот, но не само што не донесовте живот туку и ни го загрозивте животот, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посебен акцент стави и на влезот на Република Македонија во НАТО, додавајќи дека влез во меѓународната органзиација НАТО не значи дека НАТО ќе интервенира во внатрешните односи.

-Не убедуваат дека НАТО  е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми иако сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, туку ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика туку и евроатланска безбедносна политика, вели Силјановска Давкова.

Таа објасни дека СДСМ и Заев залудно се обидуваат да го манипулираат народот дека промената на името е добра и дека е зачуван македонскиот идентитет,  истакнувајќи дека со Преспанскиот договор со член 7 придавката македонски не може да стои пред република.

-Исто така слушам дека ова низ нивна призма ќе било четвртата за нив Македонска Република. Каков цинизам кава хипокризија затоа што според членот 7 од Преспанскиот договор придавката македонска не може да стои пред Републиката, затоа и ја одвоија, а она што ја карактеризира македонската историја во минатото во далечната  минато во 19 век не всушност републиканскиот облик, првата Република на Балканот била Крушевската република. Затоа Крушевската република е вткаена во нашата химна, Затоа Крушевската република е врежана во нашите срца, ама тие не ја пеат химната како вие што ја пеете овде, тие ја избришаа историјата на химната, тие ја заборавија суштината на химната, правдините за Македонија, ама тоа ние ќе го реализираме наскоро, објасни таа.

Силјановска Давкова смета дека Заев со непуштањето на химната при посетат на грчкиот премиер во Македонија, се срами и плаши и дека тој не е национален, туку анационален.

-Не знам дали како професор треба да укажувам на кршењето на Уставот и на законот за химна иако тоа е мојата вокација, за мене е пострашен срамот, бидејќи не е само право на некој премиер никаде да не излезе пред никого а не особено пред соседот кој што треба да го убеди дека е рамноправен а не понизен без да ја интонира химната. Но, нему тоа како што гледате ништо не му значи, бидејќи не знае што значи национално, тој е анационален, додаде таа.

Силјановска Давкова нагласи дека правото на самоопределување е право на секоја држава и народ сама да си бира Устав сама да си менува Устав, а не тоа да го прави друга држава, бидејќи секоја држава има свои атрибути по кои е препознатлива.

-Ние ќе си го побараме и ќе си го вратиме правото на самоопределување на овој народ. Правото на самоопределување не е апстрактно има содржина а таа содржина вика сами да си го напишете да си го напишете уставот, сами да ги со смените уставот, не под притисок, сами да си го одберете името, знамето, грбот, се што е битна карактеристика на националната држава, вели Силјановска Давкова.

На крај таа порача дека поради непочитување на волјата на народот, граѓаните на 21 април и на вториот изборен круг на 5 мај ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и ЗАЕВ.

-За жал тие без наша согласност се откажаа од нашите атрибути заборавија дека без нашиот глас ниту се овластени ниту имаат право тоа да го прават. Ги предупредивме и ги потсетивме на референдумот дека не стоиме зад нивните „политики“, ги потсетивме дека молкот може да биде најгласен, не е не послушаа затоа треба сега на изборите најгласно да ги делегитимираме за да можат ако имаат доблест да се извинат за стореното и да си заминат, нагласи Силјановска Давкова.

Коронавирус