петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 118
home Вести

Силјановска: ЕУ не е воз на кој треба да се качите, Европската Унија треба да ја создадеме тука

Силјановска: ЕУ не е воз на кој треба да се качите, Европската Унија треба да ја создадеме тука

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот на опозицијата во Демир Хисар ги демантираше тврдењата на повеќе владини претставници дека Македонија го пропуштила возот за Европската Унија.

Имено таа истакна дека Европската Унија не е воз кој треба да не однесе до Брисел, туку треба ние тука самите да ја создадеме, притоа порачувајќи дека за овие две и половина години владеење на СДСМ, далеку сме од целта.

-Балканот отсекогаш бил географски политички, а особено културно, дел од Европа. Самата јас ,не само што предавам Компаративно уставно право и компаративни политички системи, туку предавам и Уставно право на Европската Унија, предавам и политички систем на Европската Унија. Освен во два периоди за време на Отоманската империја и можеби за време на комунизмот, нашето место било и ќе биде во Европа и во Европската Унија. Но не е патот кон ЕУ воз, понекогаш јас велам Ориент експрес на кој вие ќе се качите и ќе стигнете во Брисел. Не ЕУ треба да ја создаваме овде и тука, но за жал во овие речиси две и половина години, далеку сме од тоа, вели Силјановска.

Коронавирус