сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 55
home Вести

Силјановска: Додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, луѓе од власта се расфрлаат со коли, мотори, глисери- јас ќе издвојам средства за сиромашните

Силјановска: Додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, луѓе од власта се расфрлаат со коли, мотори, глисери- јас ќе издвојам средства за сиромашните

40 проценти од луѓето во Македонија се борат да преживеат со сиромаштијата. Сиромаштијата денеска после еколошката катастрофа е најголемата закана за човештвото, истакна кандидатот за претседател на државата, од ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова која се обрати пред граѓаните во Крива Паланка.

-Велат дека Македонија е земја дарувана од Бога, оти каде нешто ќе засадите ќе никне, ама за жал ние имаме проблем со исхраната на луѓето. Првото што ќе го направам ако бидам избрана за претседател- ќе издвојам средства за сиромашните. Оти не може претседателот, претседателката, да бидат среќни ако 40 проценти од граѓаните живеат во сиромаштија, рече Силјановска и додаде:

„За жал оваа власт ветуваше битка со сиромаштијата, ветуваше дека ќе ги заштити најнезаштитените, најслабите, се колнеше дека ќе ја брани и ќе стори се за социјалната држава. Ама заборави на тоа. И додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, за преживување, не мислам дека тие имаат свест за тоа. Тоа се истите оние луѓе кои се расфрлаат со коли, со мотори, со глисери. Тоа ли е социјалдемократија? Не, тоа не е тоа. Социјалната држава ќе биде нашата основна цел. Тоа е предизвик за секоја одговорна власт и јас најпрво ќе се солидаризирам со најсиромашните, оти 40 проценти граѓани е огромна заборавена бројка“.

Коронавирус