четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска до Пендаровски: Нема бизнис во кој некој од блиските на Заев не е вплетен

Силјановска до Пендаровски: Нема бизнис во кој некој од блиските на Заев не е вплетен

На претседателската дебата на МРТ1, Гордана Силјановска Давкова рече дека кога веќе Пендаровски споменува фамилии и ропство, фамилијата која фигурира во оваа власт е позната и вклучена во сите бизниси, не само во државата, туку и во странство.

-Крајно невообичаено е да имате премиер којшто бил ослободен од обвинение за кривично дело врзано за бизнис. Крајно невообичаено е да имате премиер којшто во теков на мандатот е ослободен од обвинението, но уште поневообичаено е и во соседството во Бугарија па и овде да нема бизнис во којшто некој од неговите не е вплетен, односно вмрежен, рече кандидатката за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова, овој концепт на владеење со државата го нарече фамилијарен олигархиски концепт.

Коронавирус