четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска до Пендаровски: Не се дистанциравте од шефот на Вашиот штаб, Кирацовски, кој си ја вработи фамилијата

Силјановска до Пендаровски: Не се дистанциравте од шефот на Вашиот штаб, Кирацовски, кој си ја вработи фамилијата

На денешното предизборно соочување на МРТ1 на двајцата кандидати за претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Стево Пендаровски бил крунисан во хотелот „Хилтон“ без постапка, а останатите кандидати кои што се кандидирале останале понижени, за разлика нејзиниот транспарентен избор во ВМРО-ДПМНЕ.

Таа го запраша противкандидатот Пендаровски која е надежта дека ќе се однесува поинаку од неговиот шеф на штаб, Александар Кирацовски, кој си ја вработи фамилијата во државната администрација.

-Шефот на вашиот штаб, господинот Кирацовски е еден од оние кои на линијата на непотизмот, партизацијата и политизацијата си ги вработи своите. За среќа реагираше Антикорупцската комисија. Не чув да се дистанцирате, но која е надежта дека ќе се однесувате поинаку, го запраша кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска Давкова, својот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

Најнови вести

Коронавирус