понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

Силјановска: Дипломатијата не е наградно патување за заслужни партиски кадри, туку лицето и гласот на државата

Силјановска: Дипломатијата не е наградно патување за заслужни партиски кадри, туку лицето и гласот на државата

Во изборната програма на кандидатката за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова, посебно место најде и дипломатијата, за која се вели дека дипломатската професија не е наградно патување за заслужни партиски кадри, туку лицето и гласот на државата и затоа од витално значење е дипломатските претставници да бидат вистински професионалци, да имаат знаење и вештини, како и искуство во полето на воспоставување соработка со меѓународни организации и со други држави. Компетентната и професионална дипломатска служба која достојно ќе ја претставува Република Македонија е апсолутен приоритет на нејзиниот мандат како Претседателка.

– Во таа смисла, мора да им се даде шанса на најспособните и најквалитетните кадри да ја претставуваат државата, со нулта толеранција за непотизам, партиски и други влијанија во дипломатијата. Моето залагање во ова поле ќе биде целосна професионализација на дипломатската служба, да се обезбеди соодветно образование и тренинг, услови за развој и размена како и зголемување на присуството и активностите на нашите дипломати во меѓународните организации, стои во изборната програма.

Во програмата стои дека е потребно стратешки да се таргетираат земјите кои ни се важни по различен основ (политичка тежина, економска соработка, дијаспора итн.) и врз основа на тоа да се реорганизира мрежата и активностите на дипломатско-конзуларните претставништва низ светот.

– Ќе иницирам реорганизација со давање на конкретни и конструктивни предлози до Министерството за надворешни работи. Како Претседателка, ќе се залагам за координација и единство на полето на надворешната политика во државниот врв и институциите, зошто само така можеме да влијаеме позитивно на развивањето добри односи и обезбедување на добар меѓународен имиџ. Дипломатијата е клучна алатка за малите земји. Ние немаме никаков простор за грешка во играта на меѓународната сцена. Секој влог во дипломатијата се враќа неколкукратно за земјата, стои во изборната програма на професорката Сиљановска.

Во програмата се предвидува сето ова, а ќе се реализира низ неколку проекти. Првиот проект е Интегритет во репутација и ниминација, за која вели дека ќе се заложи за издвојување на Дипломапска академија, како посебна институција, со директор од рангот на кариерен амбасадор, која треба да биде како партнер помеѓу МНР и сите универзитети.

Во вториот проект, Професионализација и родова рамноправност во дипломатската служба, проферорката вели дека ќе се залага за правична застапеност по сите основи, етничка, полова, религиозна, а секако и во однос на лица со посебни потреби.

Кампања за лобирање за непостојан член во Советот за безбедност е третиот проект во кој се тредвидува дека текот на нејзиниот мандат, ќе отпочне со дизајнирање на сеопфатна стратегија и кампања за лобирање која ќе обезбеди поддршка на апликацијата на Македонија за таа да стане непостојана земја членка на Советот за безбедност.

Целата изборна програма на кандидатката за Претседател, професорката Сиљановска може да ја прочитате на следниот линк.

Коронавирус