вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Заев со своето срамно интервју постоењето на СДСМ го стави под знак прашалник

Силјановска Давкова: Заев со своето срамно интервју постоењето на СДСМ го стави под знак прашалник

„Деновиве пред нас ќе покажат, меѓутоа да не заборавиме уште во периодот на распаѓање на Југославија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија потенцираше дека е државотворна партија. Државотворноста е сега загрозена. Да не заборавиме нема програма на СДСМ во која не се потенцираат придобивките од народноослободителната борба. Значи угледот на таа партија сега е под голем знак прашалник. Суштината на постоењето и сите членови бивши и сегашни, членови на телата или некои кои не се имаат демократско право да укажат на тешките последици што се можни по егзистенцијата на партија која што преку првиот човек, зошто вчера чувме од најблиските, најсолидарните за среќа малкумина дека тоа не се лични ставови на премиерот туку дека се тоа партиски ставови“, рече нагласи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова при своето гостување на „Што не е јасно“.

Силјановска Давкова посочи што ќе се случува во СДСМ зависи од членовите, но партијата се наоѓа во тешка состојба поради Заев. Заев треба да ги слушне ставовите на членовите, ако не ги сослуша погубно е за партијата.

„Како може едне премиер, како може еден претседател на партија пред да се консултира со луѓе кои се историчари, кои биле со државнички квалитети да излезе и така ноншалатно за нешто што е наш живот и минато и иднина едноставно да се пазари“, запраша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека се срами од политичари кои наместо да се консултираат со историчари даваат такви срамни интервјуа кои наштетуваат на самата држава.

Најнови вести

Коронавирус