среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Силјановска Давкова: Заев ја урниса македонската историја преку својата политика кажувам, заборавам, негирам

Силјановска Давкова: Заев ја урниса македонската историја преку својата политика кажувам, заборавам, негирам

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Гордана Силјановска Давкова пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своето гостување посочи дека Заев со своеото интеврју ја урниса македонската историја, но исто така ги поткопа и националните интереси.

„Од она што го чувме, јасно е дека е во прашање катастрофално непознавање на нештата, но еве јас не верувам дека премиерот до толку не знае што се случувало на овие простори за време на Втората светска војна и потоа. Верувам дека тоа не е случајно, дека се разговарало околу некои нешта во смисла на ние Бугаријате ја признаваме сегашноста, но вие Македонците треба да ја признаете бугарската перцепција на минатото. Оти, од она што го чувме така слика добивме“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека верува некаде претходно како што јавноста слушна во неколку наврати се разговарало, не се знае дали разговорот се водел билатерално или трилатерално. Тоа е едната можност.

„Меѓутоа другото пак што може да го врзам за личноста на г. Заев оти не му е прв пат ова, јас тоа и го дефинирав во Бермудски триаголник – кажувам, заборавам, негирам. Може да биде следново, тој многупати досега мислел дека што е целосно недржавнички однос дека прво мора да ги соопшти своите перцепции, еве вака замислете за време или преку интервју, да не шокира и да се чудиме ние, на пример и јас. Како е ова можно? Зошто? Бидејќи потписот на политичарите на функциите, на различни документи не е само израз на дипломатска гаранција туку и секој нивен збор тежи“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека е шокантно што сите околу Заев убедуваа дека тајноста е важна во постигнувањето на решение. Замислете, подобро е прво интервју да ги запознаете граѓаните, македонската и бугарската јавност, а не прво да се усогласите со претседателот на државата како многу важен субјект во меѓународната полити.ка. Оти кога имате различни ставови вашата позиција како држава е урнисана.

Коронавирус