вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Време е да завладее правото и правдата во нашата земја Република Македонија

Силјановска Давкова: Време е да завладее правото и правдата во нашата земја Република Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска пред граѓаните во Аеродром вети дека правото и правдата ќе завладее во Република Македонија и конечно ќе се стави крај на оваа криза и црнило кое владее во државата поради оваа власт.

-Мојот кабинет ќе биде кабинет во кој ќе доминираат жени. Доаѓа времето на жените во Македонија, нагласи Силјановска.

Според Силјановска, победа на претседателските избори е вовед во предвремените избори на кои ќе се стави крај на оваа власт која владее кршејќи закони со цел на осварување на свои цели и интереси.

-Се нарекоа реформска влада и народот очекуваше реформи, очекуваше демократија, очекуваше владеење на право, очекуваше европеизација ама таа не дојде. Единствената промена што ја направија е промената на името, најболната промена, додаде Силјановска.

Силјановска од граѓаните на општина Аеродром побара масовен одзив на изборите со кој би се задал „последниот удар“ на премиерот Заев и неговата Влада.

-Време е да завладее правото и правдата во нашата земја Република Македонија, порача таа.

 

Коронавирус