петок, 5. март 2021. Вести денес: 158
home Вести

Сиљановска- Давкова: Власта со пописот промовира политика, а ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата бараат статистика

Сиљановска- Давкова: Власта со пописот промовира политика, а ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата бараат статистика

-Во најцитираната Регулатива 763 од 2008 година, првиот член вели дека треба да се организира попис на 10 години. Но, вториот член кажува што треба да се попишува и вели – население, национално, регионално и локално. Понатаму, вообичаено живеалиште, каде што нормално се поминува денот и одморот и ноќта. И трето, што значи вообичаено живеалиште и кој се попишува. Оние кои што живеат надвор најдолго до 12 месеци и странците кои што се внатре најмалку 12 месеци. Државјаните во Франција на пример, државјанин на Македонија кој што живее во Франција таму се попишува и тоа е статистика. А во Македонија тоа не е статистика туку, тоа е политика. Бидејќи во Македонија тој може да учествува во изборите ама неможе во резидентното население, рече од собраниската говорница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска- Давкова.

Оваа власт предлагаше да нема претставници на дијаспората во Парламентот. Значи постои изборен принцип кој што е дискриминаторски, посочи Сиљановска-Давкова .

-Да не манипулираме. Нерезидентното население, значи државјаните на Македонија надвор не се попишуваат според Регулативата, туку таму каде што живеат. Значи вие промовирате политика, а ние бараме статистика, рече Сиљановска-Давкова.

Најнови вести

Коронавирус