четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 86
home Вести

Силјановска Давкова ветува дека ќе се залага за подобра животна средина

Силјановска Давкова ветува дека ќе се залага за подобра животна средина

Професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзината изборна програма ветува дека како претседател на Република Македонија ќе се залага за подобра животна средина истакнувајќи дека за нејзе животната средина има најголемо значење за квалитетот на живот.

Во програма таа наведува дека  загадувањето на животната средина ќе го третира како безбедносно прашање. Тоа влијае на квалитетот на воздухот, водата, почвата; а со тоа директно го загрозува нашето здравје и живот.

Бидејќи безбедноста е во надлежност на претседателот Силјановска ветува дека како претседател ќе сугерира:

  • Амандмански измени за намалување на високиот праг од 200 мг/м3 на 40 мг/м3 дозволена гранична вредност, според европските стандарди;
  • Амандмански измени за прагот на информирање за ПМ10-честичките да биде 50 микрограми на метар кубен, а никако повисок од 75 микрограми на микрограми на метар кубен, два дена последователно;
  • Амандмански измени за прагот на алармирање да биде поставен на 50 микрограми на метар кубен;
  • Амандмански измени за граничните вредности за нивоата на загадување на воздухот и изедначување со тие во Европската унија: дневната граница на присутност на ПМ10 честичките да не биде поголема од 40 микрограми на метар кубен;
  • Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието.

Целата изборна програма на Гордана Силјановска Давкова можете да ја прочитате ТУКА.

 

Коронавирус