недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Соседските односи не смеат да бидат услов за почеток на преговори

Силјановска Давкова: Соседските односи не смеат да бидат услов за почеток на преговори

На вестите на Сител Телевизија вечерва професорката и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во врска со прашањата за Бугарија истакна дека соседските односи не смеат да бидат услов за почеток на преговори како и тоа дека власта направила компромиси и отстапки со договорот кој ги занемарува малцинските права.

Силјановска Давкова истакна дека власта веќе направила компромиси во рамките на спогодбата или договорот за добрососедство и пријателство и ако нема некој потпишан од ЕУ или од САД тогаш не значи дека може секој посебно да го интерпретира договорот како сака.

-Самиот договор требаше нели да биде најголемата гаранција, за истиот за кој имам многу забелешки како прашањето за малцинствата кое не може да биде супституирано со ниту една договорна норма бидејќи двете конвенции за малцинствата и за регионалните и малцинските јазици ги обврзуват ги обврзуваат не само членките на ЕУ туку и сите останати земји, впрочем Резолуција донесе Советот на ЕУ и Бугарија тоа мора да го има во предвид, вели професорката Силјановска Давкова.

Професорката посочи дека сега отстапката би била дека треба комисиите да се остават да разговараат на научна основа, како и дека прашањето на интер-партес релациите, добрососедски односи ама и со добро однесување, затоа што ова не може да биде услов за почеток на преговори, впрочем препораката на г-динот Рикер ама и на многу членки е на таа линија.

-После вакво искуство ЕУ ќе мора да дефинира некои релации помеѓу земјите членки и кандидатите, вели Силјановска Давкова.

Коронавирус