вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Силјановска Давкова: СЈО е страшен пораз на правната држава, а ветингот е признание дека судството е потонато

Силјановска Давкова: СЈО е страшен пораз на правната држава, а ветингот е признание дека судството е потонато

СЈО е страшен пораз на правната држава, а ветингот е признание дека судството е потонато, оценува универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.

-Ако вие синомимот за реформите, го врзете за трите ангели, а сега зборувате за демонизација којашто завршува на чуден начин, тогаш тоа е страшен пораз на правната држава, вели Силјановска.

Професорката истакна дека извршната власт треба да го остави судот да суди,  не се бираат луѓе коишто се квалификувани за таму, туку се во игра други критериуми,  ако се одбираат луѓе кои што не се доволно образование и немаат знаење од нив може да очекувате „Рекет“ , мора да се има многу построги критериуми за изборот на судиите.

-По телевизиите гледаме судијки, судии, јавни обвинители на кои не им е местото на по телевизии, некои од телевизиите наликуваат на  Бродвеј, Карла Дел Понте не изведувала докази по телевизиите. Ветингот е признаение дека судството е потонато, а кога потонало судството, оној што го турнал сидрото долу е одговорниот за ова, вели Силјановска.

-СЈО беше паралелен орган со буџет неколку пати поголем од други ограни и кога се создава нешто паралелно не може да се контролира. Ние треба да избираме судии и јавни обвинтели кои не се таму по партиска блискост или непотизам туку заради знаењето што го имаат зад себе, вели таа.

Силјановска Давкова исто така посочи дека: „Не може да функционира правната држава ако оние што биле директно или индиректно поврзани со првообвинетите го овозможувале тој процес, тие не се невини, со чинење или со нечинење, тие знаеле што прави Бојан Јовановски, го гледале како пријател, сега одеднаш не го познаваат, одеднаш сметаат дека притворот за него е потребен е етичка дилема“.