Секоја власт се заканува да ве корумпира апсолутната апсолутно, ако сите три власти се најдат во една партија или коалиција ние ќе ја институционализираме партитократијата. Кога ме прашувате за нашите реалиции со лидерите, крајно невообичаено е да учествуваат во кампања за претседател премиерот и министрите, тие ја претставуваат државата.
Премиерот е и мој премиер, и треба сите да се однесуваат технички, рече кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ учествувајќи на првата телевизиска дебата со останатите двајца кандидати Стево Пендаровски и Блерим Река на телевизија Телма. Силјановска посочи дека учеството на медиумите кога во својство на премиер зборите за кандидат се крши етичкиот кодекст на Венецијанската комисија.
-Премиерот на средбите не доаѓа со лична кола, а и на медиуми зборува и како премиер, рече Силјановска укажувајќи „премиерот и министрите користат јавен пристор да го промовираат својот кандидат“