недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Силјановска Давкова: Полулизам е кога се вели дека Законот за ЈО ќе ги отвори вратите кон ЕУ

Силјановска Давкова: Полулизам е кога се вели дека Законот за ЈО ќе ги отвори вратите кон ЕУ

Бомбардирани сме од информации дека се разговара за потребното мнозинство дека има разбирање за донесувањето на овој закон, слушавме како се состануваат работни групи на партиите. Но, знаете што процедурата е гаранција за демократија, вели универзитетската професорка по уставно право Гордана Силјановска Давкова на денешната комисија за политички систем и односи со заедниците при јавна расправа за Законот за јавно обвинителство.

Силјановска посочи дека пратениците мора да се изборат да бидат законодавци кои што ќе носат закони исклучиво во интерес на граѓаните, укажувајќи дека се што е неформално и надвор од Деловникот на собранието е надвор од демократските процедури.

Овде пратениците треба еднаш да се изборат за тоа навистина да бидат законодавци. Се што е неформално, вонинституционално и го нема во деловникот го нема во демократија, туку напротив во еден друг систем. Крајно време е да престанеме да ги решаваме на овој начин прашањата а пратениците треба да гласаат по сопствено убедување и да ги претставуваат граѓаните а не партиите, смета таа.

Според Силјановска Давкова популизам е кога се вели дека носењето на Законот за јавно обвинителство ќе ги реши проблемите и ќе го отвори патот кон Европската Унија, додавајќи дека таква реторика се користела и при носење на законот за Специјално јавно обвинителство кое подоцна завршило со случајот Рекет.

Второто правен илузионизам е да се тврди дека ако го донесеме законот за Јавно обвинителство тогаш ќе покажеме дека сме против криминалот и корупцијата, додека правен популизам е пак да се вели дека со овој закон ќе ги решиме проблемите и ќе го отвориме патот кон Европската унија. Зошто? Затоа што оваа реторика ја слушавме при носење на законот за Специјално јавно обвинителство, кој што требаше да стави крај на криминалот и корупцијата меѓутоа завршивме во Рекет, нагласи Силјановска Давкова.

Во однос на Законот за јавно обвинителство, Силјановска Давкова порача дека потребно е законот да се испрати во Венецијанска комисија бидејќи не може да се носи закон кој што е од јавен интерес во скратена постапка.

Во поглед на постапката исто така има забелешка и исто така мислам дека Венецијанската комисија тоа ќе го нотира. Ако во 2007 година законот за ЈО бил на Венецијанската комисија, тогаш треба да оди и овој. Не може да се носи по скратена постапка системски закон бидејќи јавниот интерес е огромен. Значи европското знаме е важно знаме, ама мислам дека ние ќе се легитимиравме во процесот на европската интеграција токму ако го пративме во венецијанската комисија и ако добиевме позитивно мислење, објасни Силјановска Давкова.

Најнови вести

Коронавирус