сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Овие избори суверенитетот се враќа кај граѓаните, мудро ќе одлучат за европска иднина на Македонија

Силјановска Давкова: Овие избори суверенитетот се враќа кај граѓаните, мудро ќе одлучат за европска иднина на Македонија

Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето, истакна по гласањето Гордана Силјановска Давкова, носител на листа во изборна единица 1.

„Значи дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните.

Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија“ – рече таа.

Коронавирус