сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Силјановска Давкова: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот. Не смее да има човек кој нема да реагира на она што ни се случува, таков е овој момент. Партијата што с нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија.

-Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика а транзицијата трае 30 години. Е тие кој од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари  се во игра, тоа е срамота, објасни таа.

–  Народот треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот. Дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра. Не многу не! Споредете ги оние кој ги персонализираат партиите, еден прекуноќ збогатен човек и еден учител ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да збориме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку бомби паднаа и дознавме интересни работи. Оние кој се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата, истакна Силјановска.

-Тој хибриден режим значи дека сме држава пред пропаѓање. И дознавме дека нема нешто со што трговецот не е спремен да се пазари. Замислете и на малата Грета и на тетко и ѝ вети дека нема да има ни аеродром. Спремен беше и со господинот Вартоломеј да се пазари. Мене ми дава надеж зборовите што ги употреби Папата Францис, кој што од посетата на Македонија извлече не што по Матеј “Небојсе стадо мало,, ние сме тие заборавени, но секогаш се раѓало нешто големо. ВМРО не е само партија ВМРО е македонскиот код, го разбудија македонскиот код кај сите овде и по светот. Се чудат зошто една либерална жена како мене е со ВМРО, затоа што само голема партија може да ги собере сите помали партии и сите луѓе во македонското национално единство, подвлече Гордана Силјановска Давкова.

–  Запомнете на крајот, ни економија, ни образование, ни социјална заштита, ни култура, нема ако нема костур наречен владеење на правото. Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата е на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе започне нова ера јас ја викам 4 македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е точно мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава, повика Професор Силјановска Давкова.

Коронавирус