четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 110
home Вести

Силјановска Давкова: Непознат феномен е министер за внатрешни работи да оди во предизборна кампања за локални избори како што прави Спасовски

Силјановска Давкова: Непознат феномен е министер за внатрешни работи да оди во предизборна кампања за локални избори како што прави Спасовски

Непознат феномен е министер за внатрешни работи да оди во предизборна кампања за локални избори. Министрите за внатрешни работи ако сте забележале ретко се појавуваат во јавноста и си ја тераат работата. Но, кај нас се е можно, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија коментирајќи ги настапите на Оливер Спасовски по трибините на СДСМ.

Силјановска Давкова потсети како власта неколку години веќе по ред ги уверува граѓаните дека македонскиот идентитет е бетониран.

„Тоа што власта го говори сега е за предизборни цели, зборовите на власта летаат насекаде, дури полесни се и од лисјата. Но, пожолтеа веќе тие лисја, никој веќе не им верува на зборовите на власта. И тоа особено ако секој ден кажаното го демантира некој настап. Од власта ќе кажат дека нема никаков проблем и потоа ќе се огласи некој од политичарите во соседството“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека Уставот на Македонија гарантира локална самоуправа како темелна вредност на уставниот поредок и идејата на локланта самоуправа е да биде противтежа на централната власт, но сега министрите да ги гледате на локално ниво, претпладне значи на централно ниво, а попладне на локално ниво тоа значи и злоупотреба на нардони средства, користење и на службени возила.

Коронавирус