сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Силјановска Давкова на средба со пазарџиите: Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести

Силјановска Давкова на средба со пазарџиите: Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои говореше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.

Пред пазарџиите Силјановска Давкова истакна дека многу често оди на пазарчето Буњаковец,  во близина на нејзиниот дом.

Таму секогаш е добредојдена, бидејќи наоѓа време да си поразговара за она што се нуди, а и со продавачите се познава долги години.

-Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно. Маките се исти, очекувањата исто така. Земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе, стојат по цел ден и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција. Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот, појасни Силјановска Давкова.

Коронавирус