понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Вести

Силјановска Давкова на средба со младите: Да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните

Силјановска Давкова на средба со младите: Да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните

Честопати слушате дека јас за себе велам дека сум како професор и како личност сократовка. Сократ бил обвинет дека ги бунтува младите и еве јас признавам дека ги бунтувам младите кога предавам. Им велам дека треба да критични кон сите па и кон професорите, да не веруваат во апсолутни вистини, да не веруваат во авторитети, да критикуваат. Бидејќи без критичко мислење не може да има реформи, истакна вечерва кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

-Затоа сум овде меѓу нив, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг. Се надевам дека ова не се круговите на пеколот на Данте Алигиери. Мислам дека се обидував никогаш да не ги заборавам во она што го правам, не мислам дека е најголем предизвик за мене да имам функција наречена претседателка на државата туку напротив навистина да укажам на потребата од препознавање на вистинскиот демократски живот во Македонија за оние најпотентните политички, умствено, критички да останат во Македонија или да се вратат, или да ги задржиме во контакт зошто без нови луѓе во политиката, без радикални промени во лидерите во партиите внатре, без внатрепартиска демократија која ја нема ако се анулираат критички настроените луѓе, оти јас сум видела во сите партии извонредни умови, критички умови, реформатори ама некако нив ги немаше на клучните функции. Ако не дојде до промена мислам дека нема да дојде ни до промена во Македонија. Затоа се обидувам како нивна професорка која вели дека вреди да се биде бунтовник со причина или без причина, да се биде млад, а кога сум со нив јас сум млада во мислата се разбира да ги поттикнам на критика, да ги поттикнам на активност, зошто мислам дека тогаш вреди да се зборува за младите како за идни лидери, како на идни дипломати, како на идни креатори на политиката, пратеници, премиери, членови на државната и јавната администрација заради знаењето и умот. А, не заради партиската блискост, истакна таа.

Професорката најави низа средби со граѓаните.

-Ќе се обидам во вториот дел на кампањата низ вакви средби било да се тоа овде или во „Јавна соба“ или на „Школка“, и со оние кои што сакаат да бојкотираат, и со оние кои имаат аргументи против тоа и за оние кои мислат дека вреди да се победи на овие избори, ама и сите ние кои го респектираме другиот да поттикнеме некоја, да разбудиме некоја енергија во Македонија. На еден од моите најомилени филмови е „Младост или Јуд“ ако се сеќавате со Мајкл Кеин, јас не мислам дека сум најдобрата диригентка но мислам дека како некој што е критичен и дома и кон политиката и во науката навистина можам да ја разбудам младоста не само кај најмладите туку и кај мислечките луѓе. Ние мораме да ставиме крај на просечноста во политиката оти нашиот живот веќе зависи од политичките одлуки. Сево ова што се случуваше овие 30 години кога се клонираа луѓето како киборзи станаа политичарите и ги клонираа себеси и сличните. И мислам дека треба да си заминат и да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните. Се надевам дека можам тоа да го сторам. Ова особено важи за женскиот дел на популацијата кој иако доминира во многу професии сепак не е на клучните функции и тоа ќе биде доказ за демократскиот капацитет и кредибилитет на македонската политика. Очекувам многу енергија, креација, скриена, непозната, непризната зборувам за жените да дојде до израз со моја помош и така ќе живееме во хармонија во женско – машки свет. Во еден човечки свет. А, се разбира дека тоа ќе биде со светот на најмладите оти стално велиме на нив им припаѓа иднината, а ако не ги вклучуваме во решавање на сегашноста нема да можат тие да влијаат врз иднината, порача таа.