петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Силјановска Давкова: На пописот му прети политизација, не може да се носи закон кој нема методологија

Силјановска Давкова: На пописот му прети политизација, не може да се  носи закон кој нема методологија

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давнова во 24 Аналлиза на ТВ 24, каде се дебатираше за пописот истакна дека тоа што нема методологија за законот создава недоверба и не е возможно да се гласа за закон за кој нема методологија. Воедно таа додаде дека на предвидениот начин на кој некој може да ве потпише само со матичен број, му прети политизација и искривување на конечниот исход.

– Не можам да гласам за нешто ако не знам како ќе се реализира. По еден месец доцна ќе биде методологијата. Во Хрватска членка на ЕУ во методологијата почнува со поимник, во нашиот закон никаде нема поимник. Методологијата во законите за пописи е дел од самиот закон и точно се наведени кои елементи. Но, штом ја нема кај нас методологијата апсолутно имам недоверба. Ако е таа е дел од регулативата и законите сакам да видам што ќе се попишува, вели Силјановска Давкова.

Таа додаде дека исто така проблем создава тоа што законот предвидува податоци да дава најинформираниот член, бидејќи правото не препознава таква категорија и токму тука се создава сомнежот за искривување и политизација.

– Ова создава големи дилеми. Ако податоците ги дава најинформираниот член, во правото нема таква категорија. Што значи тоа? Ништо не значи. Кај нас има дека до 15 години ги дава родителот или старателот, ама за другите нема. Значи најважното кога се работи за етничката, верската и националната припадност, документите на Советот на Европа особено Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата изрично вели дека само лично може да се изјасните за етничка и верска припадност. Не може друг, зошто тоа ќе создаде конфузија. Овде прети опасност од политизација и искриволчување. Матичниот број не е доволен за да може да утврдите некои состојби, потребни се и други документи, потенцира Силјановска Давкова.

Таа нагласи дека овде станува збор за авторитарен систем кој ја исклучи опозицијата и не ги прифати амандманите да се вметнат работи што ги има во сите европски закони, како на пример членот 2 од регулативата.

– Членот 2 од регулативата кој што е клучниот и кој го има во законот на Хрватска стои дека ќе се вгради на следниот попис, во 2031 година, значи стандарди овде нема. Секогаш особено во земја во којашто заради моделот на демократија, а и заради авторитарниот систем, авторитарност значи исклучување на опозицијата и лоцирање на целиот процес на одлучување кај една партија, неколку лица и слично. Ако вие предлагате амандман од регулативата и тоа клучниот член 2 и некој го одбива тоа е политизација и тогаш создава голема недоверба.

Коронавирус