петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Силјановска-Давкова: На овие избори потребно е да излеземе и да гласаме што помасовно, ве повикувам да го дадете вашиот глас за Обнова на Македонија

Силјановска-Давкова: На овие избори потребно е да излеземе и да гласаме што помасовно, ве повикувам да го дадете вашиот глас за Обнова на Македонија

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук пишува дека на овие избори потребно е да излеземе и да гласаме што помасовно.

-Почитувани,
На овие избори потребно е да излеземе и да гласаме што помасовно. Притоа, тоа да го сториме безбедно, почитувајќи ги пропишаните протоколи. Да дојдеме уште рано на избирачките места со маски на лицето. Овој пат ќе гласаме до 21 часот.
Сакам и ова да нагласам. Позади параванот за гласање сте сами. Никој, ама баш никој не може да ве гледа, слуша или сними. Не верувајте им на тие што ви се закануваат.
Јас ве повикувам да го дадете вашиот глас за Обнова на Македонија и да заокружeте 14. Тоа е единствената опција и последна шанса за нашата убава Македонија. За враќање на достоинството и светла иднина.
Ние сме тивкото мнозинство во нашата земја! Да не дозволиме други да одлучуваат за иднината на нашите деца!
Излези и гласај! Твојот глас вреди!
#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова
#Заокружи14, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Почитувани,

На овие избори потребно е да излеземе и да гласаме што помасовно. Притоа, тоа да го сториме безбедно,…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Thursday, July 9, 2020

Коронавирус